Балкан
19. јуни 2019 - 10:20

Големо невреме во регионот - Суботица под вода

Српскиот републички хидрометеоролошки завод вчера предупреди на обилни врнежи.

Нестабилното време, проследено со врнежи и грмежи, забележано е во повеќе делови од земјата.

На друштвените мрежи се појави видео од Суботица, каде еден дел од градот е целосно поплавен.