Македонија
1. September 2016 - 17:04

Големо невреме во кумановско, се движи од исток кон запад

Во моментов нестабилно со локален пороен дожд и грмежи е во источните делови од Македонија, од подрачјето источно од Куманово, се до Беласица, претежно во планинските подрачја.

Од градовите нестабилно е во Пробиштип, а поизразена нестабилносот има и во Штип.

Правецот на движење на нестабилност од исток кон запад, но движењето е бавно.

Се очекува постепено стабилизирање на атмосферата, соопшти УХМР во најновиот извештај за временската состојба.