-->
-->
Големо невреме, студ и обилни врнежи од снег однесоа 50 животи во Авганистан
-->
Најмалку 47 лица починаа во текот на последните три недели како последица од студови и обилен снег во авганистанската провинција Џузџан, јави ДПА.
– Врнежите доведоа до ограничување на пристапот до здравствените установи и затворање на патишта, изјави Рахматула Хашир гувернерот на округот Дарзаб.
– Десет жени родиле мртви бебиња, бидејќи немале пристап до здравствените установи во текот на последните неколку недели, истакна Хашир.
Тој наведе дека две деца загинале, откако биле затрупани од лавина.
Портпаролот на покраинскиот гувернер изјави дека властите се обидуваат да ја укажат потребната помош на настраданите од студеното време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората