Македонија
23. May 2018 - 16:09

Големо невреме проследено со град низ Македонија

Силно невреме со интензивни врнежи од дожд пред малку ја зафати Крива Паланка.

Пороен дожд, грмотевици, силни електрични празнења и град се истурија над градот и околината, а низ улиците за кратко време се слеааја огромни количини вода, создавајќи река.

Невремето траеше околу петнаесетина минути, по што градот престана да паѓа,  но се уште врне дожд со силен интензитет.