Македонија
25. July 2016 - 17:36

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Пороен дожд и силни грмежи го погодија Куманово

Пороен дожд го зафати Куманово попладнево по 15:30 часот. Невремето кое траеше близу половина час, беше проследено со силни електрични празнења и засилен ветер.

Според првичните информации на Регионалниот центар за управување со кризи, екипи на ЈП „Водовод“ интервенираат на булеварот „Октомвриска револуција“ каде што отвораат шахти за собирање на атмосферска вода.

Како што соопштија надлежните од ЈП „Водовод“ на улицата „Никола Тесла“, поради конфигурацијата на теренот, граѓаните сами ги отвориле шахтите за атмосферска вода, по што екипи на претпријатието поставиле сообраќајни знаци со кои се предупредуваат граѓаните и возачите внимателно да се движат.

Додека траеше поројниот дожд на неколку локации во градот имаше краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија.