Балкан
1. August 2016 - 20:56

Големо невреме го погоди регионот: Паѓа град со големина на орев, ветарот носи се пред себе

Страшно невреме ги погоди одредени делови од западниот и јужниот дел на Србија. Најтешко било во Ужице, Пожега, Пријепоље и Нови Пазар.

Во Ужице покрај олујата, во одредени делови од градот снемало струја. Во ужичкиот регион од 16 часот паѓа дожд пратен со силен ветар и грмежи.