Големо невреме го погоди грчкиот остров Сими
Ураганот наречен „Евридика" го погоди грчкиот остров Сими.Како резултат на лошите временски услови предизвикани од поројните дождови и грмотевици, надојдените води однесоа десетици автомобили во морето, а калта ги преплави улиците на островот.
Властите во земјата се во зголемена готовност. За нанесените штети е информиран и премиерот на земјата Алексис Ципрас. На островот пристигна засилувања од противпожарната служба и крајбрежната стража, за да ги расчистуваат патиштата и да ја испумпаат водата.
Грчките метеоролози предупредија дека на Грција и се заканува нов бран на лошо време, кое ќе трае до петок, до кога се очекува интензивните врнежи и невремето да премине во поголем дел од земјата, а особено во реонот Тесалија и во северниот дел од земјата.
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот