Балкан
14. November 2017 - 9:31

Големо невреме го погоди грчкиот остров Сими

Ураганот наречен „Евридика" го погоди грчкиот остров Сими.Како резултат на лошите временски услови предизвикани од поројните дождови и грмотевици, надојдените води однесоа десетици автомобили во морето, а калта ги преплави улиците на островот.

Властите во земјата се во зголемена готовност. За нанесените штети е информиран и премиерот на земјата Алексис Ципрас. На островот пристигна засилувања од противпожарната служба и крајбрежната стража, за да ги расчистуваат патиштата и да ја испумпаат водата.

Грчките метеоролози предупредија дека на Грција и се заканува нов бран на лошо време, кое ќе трае до петок, до кога се очекува интензивните врнежи и невремето да премине во поголем дел од земјата, а особено во реонот Тесалија и во северниот дел од земјата.