Големо невреме доаѓа кон Македонија – Метеоролозите со три важни предупредувања
Денес времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно и многу топло со сончеви периоди.
Веќе од пладневните часови територијата на Македонија ќе започне да ја зафаќа многу влажна и исклучително нестабилна воздушна маса од Медитеранот.
Поради тоа на многу места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд , грмежи и засилен ветер.
На повеќе места процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни и чести електрични празнења и град (можен дури од поголема величина), пишува специјализираниот портал за временска прогнозаМетео24.
Температурата ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ БРОЈ 1: Во случај на појава на силни и чести електрични празнења во никој случај да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ БРОЈ 2: За време на БУРНИТЕ Атмосферски процеси се очекува ГОЛЕМА количина на воден талог која може да предизвика локални поплави.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ БРОЈ 3: Очекуваме доста силен ветер во текот на нестабилноста кој може да предизвика материјални штети.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација