Македонија
19. December 2016 - 17:46

Големи промени - Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и тивко, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус шест, а дневната од пет до 13 степени.

Во Скопје сончево и тивко со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус 11, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време, односно ведро и студено, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер претежно од северен правец. На повисоките места и на планините ќе биде нешто потопло во споредба со котлините.