Свет
9. November 2016 - 18:37

Големата преселба на славните: Трамп победи, кој сѐ ќе се исели

Многу познати и славни лица во текот на предизборната кампања изјавуваа дека ќе се иселат од САД ако победи Доналд Трамп. И ете, се случи, Трамп победи, а сега да видиме дали сите кои најавија дека ќе си заминат веќе се на аеродромите со спакувани куфери.

Меѓу нив, актерот Брајан Кранстон („Брејкинг бед“) рече дека се надева дека нема да мора да ги пакува куферите, но дека дефинитивно ќе се исели ако победи Трамп.

Семјуел Л. Џексон го критикуваше Трамп поради водењето кампања полна со омраза, па во една прилика рече дека ќе замине за Јужна Африка ако „тој кретен стане претседател“.

И Лина Данам не се штедеше: „Познавам многу луѓе кои се закануваа дека ќе заминат, но јас навистина ќе го сторам тоа. Знам едно прекрасно место во Ванкувер.“

Нев Кемпбел, актерка воТВ-серијата „Куќа од карти“, рече дека ќе се врати во Канада, а Наташа Лајон („Портокаловата е нова црна“) рече дека ќе си оди во лудница.

Иако во тешка здравствена состојба, и Шер учествуваше во кампањата. Таа на Твитер напиша дека ќе ја напушти Америка и ќе замине на Јупитер ако победи Трамп. И Мајли Сајрус најави на Инстаграм, уште во март, а иста намера има и Барбара Стрејсенд, а нивиот пример рече дека ќе го следи и Ни-Јо.

majli

Комичарката Ејми Шимер ја избра Шпанија за своја дестинација, а Челси Хендер, исто така комичарка, тврдеше дека веќе си купила куќа во друга земја, за секој случај. Џон Стујард, поранешниот водител на „Дејли шоу“ рече дека „размислува да седне во ракета и да замине на друга планета, зашто очигледно оваа полудела“.

Актерката Вупи Годберг во една емисија во свеоето шоу „Вју“ рече дека ако го изберат Трамп, „можеби ми е време да си заминам, можам да си го дозволам тоа“.