Живот
13. May 2017 - 8:07

Голема трагедија во семејството на Пол Погба

Фасу Антоан Погба, таткото на најскапиот светски фудбалер Пол Погба, почина денеска во Англија на 79-годишна возраст.

Информацијата ја објавија сите француски медиуми, а ја потврди семејството на ѕвездата на Манчестер Јунајтед. Неговата смрт дојде по долго боледување, а последен пат во јавноста беше виден на 20 јуни 2016 година за време на натпреварот меѓу Франција и Швајцарија во Лил за време на Европското првенство.