Македонија
20. November 2016 - 13:52

Голема трагедија во Македонија: Донеле мртво бебенце во болница

Огромна трагедија ја потресе Македонија, почина штотуку родено бебенце. Од македонското МВР информираат дека синоќа во 23 часот и 25 минути со возило на Итната медицинска помош, во амбулантата при „Здравстен дом“ Велес, било донесено женско бебенце старо околу три недели.

Бебенцето, според информациите го донеле неговата 42-годишна мајка Ѓ.Б. и 42-годишниот татко М.В.

За жал, новороденчето било без пулс, дишење, срцева акција и проширени зеници и и покрај напорите на лекарите, му била констатирана ненадејна доеничка смрт.

Јавен обвинител наредил да биде извршена обдукција, која ќе ги открие причините за смртта.