-->
-->
Голема трагедија: Убиени четири деца, приведена нивната мајка
-->
Во предградиое на американскиот град Менфис убиени се четири деца, а нивната мајка е притворена, информира денеска полицијата од овој град.
Шерифот на округот Шелби, Бил Олдхем, изјави дека имињата на жртвите нема да бидат соопштени се додека за трагедијата не се информира нивното семејство, пренесуваат американските медиуми.
Официјалните претставници, исто така, не сакаа да ја наведат возраста на убиените деца, но портпаролот на шерифот изјави дека еден од полицајците кои биле повикани на лице место кажал дека во прашање се бебиња, јавија американските медиуми.
Олдхем додаде дека истрагата е во прелиминарна фаза и дека истражителите не знаат дали мајката на децата имала ментални проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“
-
Денеска е Светскиот ден на туризмот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе ќари ли Бугарија поени откако падна одлука Тирана и Скопје одделно да чекорат до ЕУ?
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер и специјалист за безбедност во сообраќај
-
Орбан пристигна во Охрид
-
Општините да внимаваат како ќе ги трошат парите од унгарскиот заем