Голема трагедија: Познатиот пливач почина во тек на тренинг на Флорида
Пливачот Кенет То, кој на Светското првенство 2013 година освои сребрен медал за Австралија, почина денеска откако му се слоши во текот на тренинг на Флорида.
Имаше 26 години.
Причината за смртта не е соопштена, туку само е наведено дека му се слошило и потоа го префрлиле во болнциа, каде за жал, починал.
Кенет То, пливајќи за Австралија освои шест медали на Олимписките игри за млади во Сингапур 2010 година. На Светското првенство 2013 година во Барселона беш дел од австралиската екипа која освои сребро.
Тој се натпреваруваше на СП во мали базени одржан минатата година во декември. Во финалето на трката на 100 метри мешан стил го зазеде шестото место.
Кенет То е роден во Хонг Конг, но неговото семејство се преселило во Австралија. Тој во 2016 година одлучи да настапува за Хонг Конг.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор