Џет-Сет
26. April 2016 - 10:26

Голема трагедија: Познат пејач почина на пат кон болница

Познатиот пејач Папа Вемба падна на бината во неделата за време на концерт во Брегот на слоновата коска, по што почина на патот кон болницата. Пејачот од Конго имаше 66 години.
 
Како што пренесува Би Би Си, Вемба во саботата се жалел дека не се чувствува добро, но сепак одлучил да учествува на концертот.
 
Беше еден од најценетите пејачи на афричката музичка сцена. Причината за смртта сеуште не е откриена.