Живот
22. May 2019 - 12:59

Голема трагедија: Почина 15-годишен фудбалер

Тажна вест пристигнува од Италија. Фудбалерот на младиот тим на Интер, Маикол Лентини починал по долгата борба со тешката болест. 
 
Лентини морал да престане да игра фудбал уште во јануари 2017 година поради сериозните здрвствени проблеми. Постоела надеж дека момчето ќе се опорави дури и во изминатите неколку месеци  охрабрувачки биле вестите кога е во прашање здравствената состојба на ова момче, но  за жал починал во својот дом.
 
- Сите во Интер сочуствуваат болка поради смртта на Лентини. Сопствениците, директорите, како и цел помладок , каде Маикол беше дел , се со неговото семејство во моментот  на големата болка, се наведува во соопштението.