Балкан
29. January 2016 - 23:31

Голема трагедија: Никола загина на роденденот на неговата мајка

Никола Јовановиќ (33) од Текије, Србија загина во петокот во сообракајна несреќа. Тој од засега непознати причини со својот автомобил марка БМВ удрил во оградата од мостот на маистралниот пат Долни Милановац - Кладово, кај познатото место Голо Брдо и слетал во провалија длабока 50 метри.

Да биде трагедијата уште поголема, на истото место , пред три години загинал Далибор Николиќ (30), братучедот на Никола кој имал иста судбина. 

-, Засега се уште не се познати причините за оваа несреќа, рекле од полциијата за српските медиуми. 

А како што српските медиуми неофицијално дознаваат, Јовановиќ на кобната ноќ патувал после одбележувањето на роденденот на својата болна мајка.