Голема трагедија на Попова Шапка
П.А.(58) од Скопје починал откако паднал во бесознание додека вчера планинарел во месноста „Антени“ на Попова Шапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци случајот бил пријавен вчера околу 17 часот и 45 минути од страна на В.Н.(35) од Скопје кој заедно планинарел со сега починатиот П.А.
- По добиената информација набрзо на местото пристигнал ратрак со кој П.А. бил превезен до Полициското одделение Попова Шапка каде во меѓувреме пристигнале лекари од тетовската Брза помош кои биле претходно повикани, но, само ја констатирале неговата смрт - изјави Јосифовски.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и при тоа не биле констатирани траги на насилство по што по наредба на обвинителот безживотното тело на П.А. било предадено на семејството.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина