Џет-Сет
18. March 2016 - 22:39

Голема трагедија: Ќерките на познат пијанист убиени, сопругата избодена со нож

Двете мали ќерки, Ника (5) и Михела (1) на познатиот концертен пијанист Вадим Холоденко се пронајдени мртви во куќата на неговата сопруга во Тексас.
 
Неговата поранешна сопруга, Софија Циганкова  е префрлена во болница на лекување поради убоди од нож.
 
На куќата немало знаци од насилно влегување, а Бебкок не навел кој ја повикал полицијата во куќата во Форт Ворт, во која Циганкова живеела со двете малечки ќерки.
 
Засега никој не е уапсен поради смртта на девојчињата, а моментално ниту Холоденко, ниту неговата сопруга не се осомничени.
 
Како што известуваат медиумите во Америка, токму Холоденко е тој кој ги пронашол телата на своите деца и поранешната сопруга во куќата кога отишол да ги посети.