-->
-->
Голема трагедија, како да е проклет: Умираат членови на неговото семејство...
-->
Кога на 6 мај ја изгубил жената при раѓањето на нивната ќерка, Американецот Домингос Фрага не ни претпоставувал дека тоа не е единствена трагедија која ќе му се случи таа тажна недела во мај, пишува хрватски Индекс.
Неговата сопруга, Лиз, после итен царски рез била префрлена од една болница во друга, каде почина од голема загуба на крв. Домингос и Лиз биле во брак само пет месеци.
Само пет дена по смртта на Лиз, на 11 мај, почина и новородената ќерка Џулиет, и тоа од последици при раѓањето. До породувањето на неговата сопруга, таа немала компликации за време на бременоста. Истата недела, на денот кога тој се подготвувал за погребот на жената и ќерката, Домингос дознал дека му починала 42-годишната сестра која боледувала од рак на грлото на матката.
Згора на се, несреќниот Американец набрзо прими вест дека ја изгубил и 91-годишната баба, која починала од тежок мозочен удар. Тоа се случило два дена пред погребот на неговата сестра.
Неговиот пријател Тиаго Переир покрена кампања за собирање финансиски средства за помош на Домингос по пат на сервисот GoFundMe.
- Мора да се носи со енормната емоционална тежина, а пред се, тука се и разни трошоци кои наеднаш треба да се подмират. Тој никогаш не би барал пари, но знам дека му требаат. Не можев да гледам а да не преземам нешто, рече Тиаго.
До сега се собрани повеќе од 50.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица