Балкан
3. August 2016 - 8:54

Голема трагедија - Еве што остана од возилото во кое загинаа млади момчиња

Медиумите во Словенија го објавија идентитетот на загинатите фудбалери на Марибор од Б тимот, кои настрадаа денес во сообраќајна несреќа.

Според информациите објавени од локалните медиуми во несреќата животот го загубија Дамјан Марјановиќ (20) кој управувал со автомобилот и Зоран Баљак (20) кој седел зад него.

Лекарите во Марибор е уште се борат за животот на 21 годишниот Љубомир Моравац, додека Жига Липушчек (20) е полесно повреден.

Несреќата се случила кога фудбалерите се враќале од тренинг, по што со голема брзина удриле во семафор, а од силината автомобилот „Рено Меган“ се распарчил.