Џет-Сет
4. April 2016 - 14:42

Голема тага и болка во сeмејството: Мајката на убиената пејачка прозборе пред камерите

Зорица Крсмановиќ, мајката на убиената Јелена Крсмановиќ Маријановиќ која вчера попладне беше пронајдена мртва во каналот покрај наспипот Црвеника во Борча, вели дека се слушнала со ќерка неколку часа пред нејзиното исчезнување. 

-Таа постојано трчаше, јас ја побарав кога била некаде на половина од патеката. Ми кажа да истрча уште еден круг и да им даде на своите да јадат, па ќе дојде кај мене, низ солзи раскажува мајката Зорица.

Мајката вели дека полицијата ја испрашувале за најсосновните работи за нејзината ќерка. 

Овие денови пред исчезнувањето се однесуваше нормално, не ми се пожали дека бил кој и се заканува или дека има опсесивни обожаватели. Нејзиниот сопруг Зоран постојано беше со неа и беа многу поврзани. Не се сомневам во никого кој би можел да и наштети, немаше непријатели, но некој среде бел ден да ја одведе…ова е страшно, вели Зорица.