Џет-Сет
17. January 2016 - 11:07

Голема смејна трагедија Селин Дион по сопругот го загуби и братот

Само два дена по смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжели, познатата канадска пејачка Селион Дион остана и без нејзиниот брат.

Како што јавија канадските медиуми, 59-годишен Даниел Дион починал вчера, по долготрајна борба против ракот. 

Даниел беше осмото од 14-те деца на семејството Дион. 

Инаку, Анжели, кој исто така почина од рак, ќе биде погребан на 22 јануари во базликата „Нотр Дам“ во Монтерал, каде тој се венча со Селин во 1994 година.

Датумот на погребот на Даниел Дион не е соопштен.