Loading Video...
Фудбал
25. April 2018 - 10:04

Голема предност за Ливерпул по првиот полуфинален меч со Рома

Екипата на  Ливерпул забележа  убедлива победа над Рома во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите.
 
На дуелот одигран на „Енфилд“ англискиот тим славеше со 5:2 и направи голем исчекор кон пласман во финалето. 
 
Поранешниот играч на Рома, Мохамед Салах  во првото полувреме постигна два гола за Ливерпул, а во вториот дел асистираше при реализацијата на уште два погодока. Најнапред во 56.минута кога Садио Мане  зголеми на 3:0 , а потоа и во 61-та кога Роберто Фирмино го постигна четвртиот гол.
 
Фирмино беше стрелец и на петиот погодок за „црвените“ во 69. минута. 
 
Но, римјаните не се откажаа, па преку Един Џеко во 81.минута Диего Пероти од пенал во 85.минута намалија на 5:2, оставајќи надеж дека може да ја анулираат негаривата во реваншот кој ќе се игра на 2 мај во Рим,
 
Вечерва својата прва полуфиналена пресметка ќе ја имаат Баерн Минхен и Реал Мадрид.