Македонија
10. November 2016 - 11:03

Голема полициска акција - Запленета голема количина дрога

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од кои двајца се македонски државјани, еден е државјанин на Албанија и еден е од Косово.
 
Кај осомничените лица се пронајдени над 100 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за Турскиот нарко пазар.
 
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на  мерката притвор за четирите лица. Предлогот со Решение на судот е прифатен и е изречен притвор од триесет дена за секој од осомничените.