Македонија
4. October 2018 - 23:27

Голема полициска акција во Охрид, уапсен познат бизнисмен

При полициска акција рано утринава во Охрид, уапсен е и познат охридски бизнисмен, информира Курир.мк  Одземено му било и луксузно возило од марката „Мерцедес“.

Освен него, уште три лица се во притвор, а едно во бегство поради фалсификување на патни исправи. 

Извршенои се и претреси во охридското село Велгожда.  Приведените лица фалсификувале патни исправи и визи за Америка и Канада.