Македонија
25. јуни 2019 - 16:05

Голема полициска акција во Љуботен - полицијата собираше нелегален тутун, жителите бурно реагираа

Стотици килограми сув тутун заплени Финансиската полиција во селото Љуботен. Во големата акција обезбедувана од 100-тина специјалци беа одземени и картонски кутии за складирање на тутунот и машини за негово редење.

Од Управата за финансиска полиција кратко информираа дека акцијата е за спречување кривични дела од криумчарење акцизни стоки и царински измами.

Во тензична атмосфера се одвиваше акцијата на МВР и финансовата полиција. Жителите на Љуботен бурно негодуваа додека специјалци го товараа во камиони запленетиот тутун. Ги отфрлија тврдењата дека тутунот кој се одземал потекнува од Косово.

Жителите тврдат дека не се работи за нелегален тутун. Велат оти за него ги имаат потребните договори со откупните компании. Обвинуваат дека државата им го одзема единствениот извор за егзистенцијата.

Љуботенци ја повикаа актуелната власт да им ги реши кокуманалните проблеми и порачаа дека нивното село не е место каде треба да се бараат криминали.

Од финансовата полицијата најавиа дека дополнително ќе објават детали за денешната акција во Љуботен.