Македонија
19. February 2020 - 18:18

Голема полициска акција во Крушопек

Во тек е голема полициска акција во скопското село Крушопек, при што на мета се дилери на кокаин, дознаваме од неофицијални извори.

Во акцијата е запленет кокаин, но за колкаво количество се работи, засега не е познато, но се шпекулира дека е околу 1 тон.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Од засега непознати причини рутата е сменета и пратката завршила во Општина Сарај, конкретно во селото Крушопек.