Свет
22. November 2016 - 18:21

Голема полициска акција против перење пари во Европа и САД

Во голема полициска акција против перење пари, спроведена во Европа и САД минатата недела, уапсени се 178 луѓе и запленети околу 23 милиони евра, соопшти агенцијата на ЕУ за судска соработка, Евроџаст.

Операцијата била фокусирана врз практики на перење пари, во кои незаконски парични фондови се прикриваат со ставање на банкарски сметки на посредници на кои им се плаќа процент од „испраните“ пари.

Идентификувани биле 580 такви посредници при што информативен разговор е извршен со 380 лица.

Една од главните цели на акцијата била проверка на зголемен број плаќања преку интернет и измами со кредитни картички во Европа.

Експерти по кибер-безбедност открија дека криминалци користат софтвер со кој биле заразени банкомати во 10 држави во Европа.

Таа акција била извршена во координација со Европол, наведуваат бриселски медиуми.