Loading Video...
Ракомет
25. April 2019 - 22:04

Голема победа на Вардар и исчекор кон Фајнал-форот во Келн

Македонскиот ракометен првак Вардар забележа голема победа над унгарскиот ПИК Сегед, со која црвено-црните прават голем чекор кон ново пласман на завршницата во Лигата на шампионите.

 
Вардарци вечерва во пеколната атмосфера која ја создадоа над 6.000 гледачи во СЦ Јане Сандански го победија ПИК Сегед со 31:23, во првиот меѓусебен дуел од четвртфиналето.
 
Нашиот шампион во текот на целиот меч го контролираше резултатот, за конечно во завршните десетина минути комплетно да го скрши отпорот на унгарскиот првак. 
 
Карачиќ и Кристопанс со по 8 постигнати голови беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион, за кој Словенецот, Скубе придодаде 6 гола. Кај гостите  Банхиди постигна 5, Камлан и Балож по 3 гола. 
 
Реваншот во Унгарија, ќе се игра на 5 мај.