Свет
17. October 2016 - 16:53

Голема паника во Германија: Половина училишта низ градовите затворени

Најмалку 12 училишта во Лајпциг, Магдебург и други градови на истокот на Германија изутината добиле СМС порака дека ќе бидат цел на вооружени напади, јавуваат германските медиуми, пренесува доисникот на МИА од Берлин.

Заканувачките пораки по мобилен телефон биле испратени до десетина улилишта во покраините Заксен и Заксен – Анхалт околу 9 часот изутрина по што дел од учиниците се забарикадирале во училниците.

Во најголем дел од училиштата каде што биле примени пораките дел од учиниците биле испратени дома, а наставата е прекината.

Заканите се потврдени од полициските портпароли во Лајпциг и Оснабрик, а потврда дека полицијата е распоредена во училиштата и го утврдува нивото на опасност доаѓа и до загрижени родители на сицијалните мрежи.

„Моето дете :). Тукушто зборев со полицијата. Децата се заклучени во училницата. Полицијата е во училиштето. Постои закана од надвор, напишал еден родител на социјалните мрежи за состојбата во едно училиште во Лајциг.

Голем дел од источниот дел на земјата до пред неколку дена беше под вонредни мерки за безбедност по минатонеделната потрага по Џабер Ал Бакр, Сириецот во чија соба беше најден силен експозив. Ал Бакр беше фатен во Лајпциг, откако предходно и избега на полицијата во Хемниц по што си го одзеде животот во затворската ќелија.