Македонија
28. December 2015 - 16:34

Голема несреќа во кочанското село Оризари, загина две годишно дете

Голема несреќа во кочанското село Оризари. Загина две годишно дете. Детето заедно со неговите две поголеми братчиња влегле во руинирана куќа во селото, во која никој не живеел, во намера да соберат прачки и дрва за огрев. Во еден момент се срушиле потпорните греди, по што дететто останало затрупано.

-Најголемото дете викна: „Го потрупа Андреј“. Сите се собравме притрчавме ама џабе беше. Со земја беше потрупано. Тоа стои таму од пролетта, а сега целосно се свлече наеднаш и го погоди детето, најмалото- изјави сосед

Родителите и соседите успеале да го извлечат детето од под урнатините и итно да го пренесат во здравствениот дом во Кочани, но таму лекарите само ја констатирале смртта.

-Увид на место на настанот е извршен од страна на полициски службеници, по наредба и овластување на јавен обвинител, по што детето е предадено на семејтвото-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип

Соседите велат дека семејството на сега починатиот Андреј живее во крајно мизерни услови, а без струја се веќе три години, што било и причина децата да собираат дрва за огрев од старата куќа.