-->
-->
Голема карпа кај Истибања го попречува сообраќајот на патот Кочани – М.Каменица – Делчево
-->
Дождот кој веќе непрекинато врне веќе втор ден предизвикува свлечишта и одрони на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани.
Моментално таков поголем одрон, според информациите на возачи, се наоѓа во близина на месноста Саваро кај село Истибања.
-Каменот е со големина колку едниот дел од коловозот и засега возилата се движат само по едната лента. На останатите места генерално е чисто, но има помали одрони и треба внимателно да се вози бидејќи можни се нови одрони поради дождот, велат возачи.
Од „Македонија пат“ информираа дека синоќешните одрони се расчистени, додека за новиот одрон веќе се упатени екипи, кои би требало да го отстранат од коловозот.
-Сепак, препорачуваме во вакви временски услови да се вози внимателно, бидејки се работи за осетливо подрачје подложно на одрони во вакви временски услови, велат од „Македонија Пат“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс