Македонија
10. November 2018 - 16:30

Голема хуманитарна трка во Струмица за Нина Димитриевска да може да замине на лекување во странство

Струмичани се обединија во име на хуманоста. Над 1000 граѓани денеска трчаа за поддршка и помош на  седумгодишната Нина Димитриевска која треба да се оперира  во Странство. Од најмладите па до највозрасните,  спортисти, уметници,  политичари сите трчаа со една цел да помогнат Нина во иднина да се движи без ортопедски помагала. Со самото пријавување и учеството на трката  која беше иницирана од здружението  Вара граѓаните  донираа и по 100 денари и на тој начин дадоа нивни придонес во собирањето на потребната сума од 65 000 евра.

,, Струмичани уште еднаш покажаа дека се хумани. Со нас се децата од градинките, од основните училишта, спортисти, ракометари, кошаркари,  значи сите сме тука денес со своето учество  од 100 денари да придонесеме да се соберат 65 000 евра за операцијата на Нина.,, рече АНЧЕ ТУФЕКЧИЕВА – ГРАШАНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВЕРА

За својата хуманост учесниците освен од семејството благодарност добија  и лично од малата Нина  која ги пречека на целта во градскиот парк.  Операцијата на Нина Димитриевска  треба да се изврши во САД, а сумата од 65 000 евра освен за интервенцијата е потребна и за постоперативна рехабилитација и  ортопедки помагала.