Бизнис
31. August 2016 - 19:36

Голема холандска компанија најавува инвестиција во земјоделството

Странски компании ќе го раздвижуваат македонскиот аграр. Една голема холандска компанија најавува инветсиција во фирма во стечај во југоисточна Македонија. Инветсицијата е значајна не само заради тоа што ќе отвори нови работни места туку ќе придонесе и за модернизирање на производствто и ќе ја зголеми конкурентноста на макеоднските земјоделски производи. 

Тие ќе вложат околу девет до десет милиони евра и ќе вратат на работа голем број невработени луѓе. Тоа е инвестиција која исто така ќе биде значајна. Ќе значи не само враќање на вработени, туку и модернизација во производството и опремата, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Свеж капитал влегува и во компанијата за печурки Бонум. С еработи за мултинационална компанија ќе го прошири производствто и ќе го зголеми бројот на работници.

Ме радува што влегува свеж капитал во Република Македонија, во компанијата Бонум. Освен посточеките вработувања, се планира и вработување на над 100 нови лица. Инвеститорот ќе даде дополнителен импулс на сегашната компанија и во делот на инвестициите коишто ќе ги направи и во модернизација на производството и проширување со што ќе го направат производството поквалитетно и помодернизирано., истакна Груевски.

Македонскиот аграр последните години е атрактивен за странските инветситори. Меѓу поголемите кои влегова во земјава се една од најголемите турски млекарници Суташ која инветсираше во пропадната млекарница Сведмилк, потоа Француски Лакталис  во битолската млекарница Идела Шипка.

Турската компанија Левидиагро во Кочани ја  отвори најголемата фабрика во регионот за преработка на ориз.  Комапнијата вработува околу 100 лица, а инветсицијата тежи 4 милиони евра.

Исто така во Кочани, инветсираше и холандската компанија Антура. Отвори фабрика за производство на семенски материјал за цвеќиња и отвори 300 работни места.

Епл ленд, компанија од Дубаи отвори откупно-дистрибутивен центар за јаболка во Ресен,  инвестиција вредна пет милиони евра.