Македонија
21. August 2019 - 12:33

Голема Богородица – 28 август, неработен ден за православните верници

Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) – 28 август (среда) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

МТСП во исто време им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државава.

Голема Богородица е дел од празниците што се неработни денови согласно со Законот за празниците.