Македонија
9. July 2016 - 16:59

Голема антитерористичка акција на МВР во рамките на „Ќелија“ - Притвор за 4 лица поранешни припадници на ИСИС, по три се трага

Акцијата “ќелија“ во која се апсат терористи кои учествувале на боиштата во Сирија и Ирак добива второ продолжение. Полицијата уапси 4 припадници на Исламската држава од Македонија.  Обвинети се за учество во терористичка организација а при крајот на минатата година се вратиле во земјава.

Се рабити Буњамин Гаши, Фарук Изеир и Егин Усеин од Скопје како и Мустафа Мемети од Тетево. Во Скопје сеуште се трага ои Бурган Сафер од Арачиново а од полицијата влегле и во домовите на Сафет Рамадани од Скопје и Сулејман Идризи од Куманово за кои постојат сознанија дека сеуште се наоѓаат во Сирија.

Осомничените се на возраст од 23 до 38 години.Осомничените се избедени пред судија за претходна постапка. Од МВР сеуште нема сознанија дали тие се обидувале да регрутираат нови борци за боиштата на Блискиот Исток и дали планирале терористички напади во земјава и регионот.Во првото продолжение на Акцијата “Ќелија“ кое финишираше во август минатата година епилогот беше деветмина приведени терористи, триесетина претреси и вкупно 36 осомничени за учесзтво на боиштата на блискиот исток.