Македонија
9. July 2016 - 11:33

Голема антитерористичка акција на МВР

Продолжува операцијата „Келија“ против лица кои биле дел од синџирот на Исламска држава, дознава КУРИР.

Како што дознава КУРИР од полициски извори, врз основа на добиени Наредби за претрес на дом од страна на Судија на претходна постапка во врска со КД “терористичка организација” од чл.394 ст.2 од КЗ, извршени се вкупно 7 претреси од кои 6 во Скопје  и 1 во Тетово кај вкупно 6 лица.

Според инфомрациите до кои дојдовме, за време на претресите 4 лица се обезбедени и тоа Буњамин Г., Фарук И., Ергин У. од Скопје и Мустафа М. од Тетово, 3 лица не се достапни, од кои за 2 лица Сефет Р. од Скопје и Сулејман И. од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.

Дополнително,  за лицето Бурхан С. од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Како што дознаваме, од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.