-->
-->
Голема акција на сообраќајната полиција во Скопје
-->
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 23.03.2019 година во периодот од 14 до 22 часот спроведе акциска контрола за санкционирање возачи кои ги кршат сообраќајните правила.
Преземени се вкупно 139 мерки против возачи на моторни возила и задржани се 40 сообраќајни дозволи под сомнение за техничка неисправност (зголемена бучавост и непрописни фолии) и истите се упатени на вонреден технички преглед.
Исто така констатирано е дека 15 возачи управувале нерегистрирани возила, 14 возачи управувале возило без возачка дозвола, шест возачи управувале возила без соодветна категорија на возачка дозвола, 24 возачи управувале моторцикл без заштитен шлем, а санкционирани се и други прекршоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците