Македонија
21. July 2017 - 14:01

Голема акција на полицијата во тетовско, еве што открија полицајците

Осумнаесет албански државјани,  кои непријавено претсојувале во Тетовско биле откриени при денешната акциска контрола на полицијата на неколку места во Тетово, Порој и Џепчиште, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци акцијата била спроведена денеска наутро околу 6 часот и при тоа еден од нив немал никакви документи, тројца поседувале патни исправи, а останатите само лични карти.

Јосифовски додаде дека набрзо по приведувањето во Полициската станица Тетово албанските државјани, кои се на различна возраст од 18 до 58 години, претежно од градовите Либражд и Дибр,  предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.