Балкан
25. May 2017 - 18:28

Голема акција на полицијата, уапсени четворица осомничени

Косовската полиција денеска соопшти дека уапсила четири лица, под сомнеж дека подготвувале терористички напади.

Во полициското соопштение се наведува дека четворицата косовски Албнаци се уапсени при голема операција, во чии рамки биле извршени претреси на пет локации во Приштина, Гњилане и Урошевац.

Како што јави Танјуг, при претресите полицијата запленила пиштол, пушка, компјутер, мобилни телефони и прибелешки.

Двајца од приведените, по сослушувањата се ослободоени.

Во полициското соопштение не се прецизира каде и какви напади планирале да извршат осомничените, само се нагласува дека истрагата за целиот случај е во тек.