Балкан
1. March 2017 - 11:33

Голема акција на полицијата: Уапсени 53 лица за криминал и корупција во државните органи

Потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, изјави денеска дека полицијата во една опсежна акција, насочена кон сузбивање на финасискиот криминал и корупција, уапси 53 лица.

Стефановиќ рече дека полицијата поднела кривични пријави во редовна постапка против уште 25 лица осомничени за повеќе различни кривични дела посебно врзани за злоупотрева во државните органи.

-Се проценува дека овие лица од 2005 година до денес буџетите на Република Србија, автономната покраина Војводина и локалните самоуправи как и другите стопански субјекти нанеле штета повисока од 10 милиони евра, изјави министерот Стефановиќ.