Македонија
12. July 2016 - 15:35

Голема акција на полицијата низ неколку градови во Македонија

Голема полициска акција спроведува денеска македонската полиција против организирана група дилери. Акцијата според првичните податоци се спроведува во осум градови низ Македонија.

Според првичните информации, запленети се скапи автомобили и мотори, дрога и пари, кои дилерите ги добиле со препродажба на наркотици. Претреси се вршат во Скопје, Велес, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Струга, Кавадарци, и Штип.

Повеќе детали се најавени за подоцна.