Македонија
20. September 2018 - 21:11

Голема акција на МВР во Сити мол, полицијата трага по дрога и оружје

Република дознава дека во моментов се одвива голема акција на МВР на третиот кат во паркингот на Сити мол. Полицијата фатила две возила со дрога и оружје, мерцедес и уште едно возило за кое засега немаме информации која марка е. 

Портпаролот на МВР за Република само кратко изјави дека кога ќе има повеќе информации дополнително ќе не информира и додаде дека доколку има полициска акција, најпрво таа мора да заврши за МВР да излезе со детали за истата.

Повеќе информации очекувајте во текот на вечерта.

Ново на Сител