Македонија
5. October 2018 - 10:29

Голема акција на МВР: Уапсени 120 дилери на дрога

Во рамките на планираните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и  санкционирање на лица кои се инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, во текот на минатиот месец, поточно од 6-ти до 28-ми септември, на поширокото полошко подрачје лишени од слобода се вкупно 120 лица, информираат од МВР.

Најголемиот број од нив ( 92 ) лишени се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје. Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, не само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села, кај кои пронајдена, фотодокументирана и одземена е марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази. По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави.