Џет-Сет
7. March 2016 - 10:30

Голем скандал во Холивуд: Откриено со кого Анџелина Џоли го изневерила Бред Пит!

Тие не успеаа да ја скријат сексуалната тензија. 
 
Веќе некое време се шпекулира дека бракот на славниот пар Анџелина Џоли и Бред Пит е пред распад, а сега се појавија и нови информации кои додатно ги подгреаја овие наводи.
 
Како што пренесува „Parent Herald” Анџелина го изневерила Пит со еден снимател, што популарниот актер не можел да и го прости, па нивниот брак набргу ќе резултира со развод.
 
Странските медиуми јавуваат дека убавата оскаровка моментално е во Камбоџа, каде го режира филмот „Прво го убија мојот татко“ но и каде стапила во забранета врска со еден од членовите на својот тим.
 
Тие наводно толку многу си се допаѓаат еден на друг, што отворено флертуваат во јавноста и не успеваат да ја сокријат сексуалната тензија.
 
Претставниците на славниот пар се уште немаат потврдено ниту една од овие информации, а „Parent Herald” истакнува дека Пит планира да ја напушти Анџелина и да се пресели во Англија.