Свет
8. January 2016 - 11:19

Голем шумски пожар опустоши мал град во западна Австралија

Големиот шумски пожар што избувна во поширокиот реон на Перт, во западна Австралија, го опустоши малиот град Јарлоп, јавуваат домашните медиуми.

Според локалната полиција, три лица се водат како исчезнати.
Ветерот што дувал во текот на ноќта, со брзина од 60 километри на час, го „распалил“ огнот и го забрзал неговото ширење, па огнената стихија уништила повеќе делови од местото, вклучувајќи и повеќе јавни згради и објекти, пренесува Би-Би-Си.

Сведоци од соседните населени места, изјавиле дека гледале како огнените пламени достигнуваат до 50 метри височина.

Претставник на противпожарната служба изјавил дека огнот бил толку силен ,а пожарот се движел со таква брзина што пожарникарите останале без можнист да интервенираат.Тој објасни дека четворица пожарникаро се повредени, а едно возило за гасење уништено.

Жителите на Јарлоп изјавиле за австралиската телевизија дека стравуваат оти од нивното место нема ништо да остене и дека тоа се соочува со заканата целосно дабиде избришано од картата.

Метеоролозите соопштуваат за силна бура, проследена со грмотевици и обилни врнежи од дожд, зафатила делови од пошироката околина на Перт.Се очекува невремето да се насочи кон опожарената зона и да помогне во борбата со огнената стихија.