Македонија
3. October 2017 - 21:39

Голем шумски пожар беснее во близина на Кичево

Голем шумски пожар беснее во Кичевско, под врвот на планината Добра Вода. Теренот е непристапен, а огнената стихија се шири со голема брзина.

Портпаролот на Општина Кичево, Емин Насуфи, информираше дека во тој регион гори сува трева и оти припадниците на противпожарната единица од Кичево заедно со претставници од јавното шумско претпријатие „Лопушник“ се обидуваат да го изгаснат огнот во тој регион.

Теренот е непристапен и ќе останаат таму се додека е потребно, а во зависност од ситуацијата не е исклучено да се побара и интервенција на противпожарни авиони.