Џет-Сет
29. September 2016 - 10:15

Голем пресврт во сагата за пропаднатиот брак: Бред Пит снимен во хотелска соба со Џенифер

Џенифер Анистон тајно се среќавала со поранешниот сопруг Бред Пит во хотел во Њујорк само неколку недели пред Анџелина да ги поднесе документите за развод, пишува Радаронлајн.ком.
 
Состанокот меѓу поранешните сопружници го снимиле надзорните камери на хотелот „Гансевурт“ додека оделе кон приватна соба. Наводно 52-годишниот несреќен актер на поранешната жена ѝсе жалел од тешкотиите во односот со Анџелина и се обидел да се искупи за она што ѝго направи дво 2005 година, кога ѝ го заврте грбот токму за Анџелина и тоа по пет години складен брак.
 
Џенифер сега е среќно мажена за Џастин Терокс, кој застана во нејзина одбрана кога медиумите почнаа да шпекулираат дека таа е причината за да пукне тиквата меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли.